„На 11 јуни му славевме роденден. Го изгубив синот единец. Ах, синко мој“.
Вака ја почнува својата болна исповед Дејан Станковиќ, татко на 31-годишниот Никола од Алексинац, кој заедно со уште тројца свои сограѓани го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа во Германија.
Никола три години работел во оваа европска земја како возач на камион. Со пријателите кои се занимавале со градежништво тргнале со автомобил кон Србија кога се случила трагедијата.
Засега нема информации кој управувал со БМВ-то и како дошло до фаталниот судар со камионот кој им се нашол на патот.
„Сакаме да ја дознаеме вистината. Очекуваме некој официјално да се обрати и да ни каже што се случило“, раскажува во солзи таткото на Никола за „Блиц“, постојано прегрнувајќи ја и бакнувајќи ја врамената фотографија со синот.
Според првичните сознанија, автомобилот во кој настрадале Никола и тројцата негови пријатели е потполно уништен, а камионот е речиси неоштетен.
Фото: Бранко Јаначковиќ/РАС Србија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.