fbpx

Знам дека ќе умрам, лековите не ми делуваат: Познатата водителка загрижена за децата

Водителката Дебора Џејмс која од 2016 година се бори со рак на дебелото црево, неодамна ѝ соопшти на јавноста дека последните тестови кои и направила во една лондонска болница покажале загрижувачки резултати.

„Вистината е дека канцерот никогаш и не го снема. Заспа на кратко, но сега повторно се врати и овојпат лековите не делуваат“, пишува таа во нејзината колумна за „Сан“.

На последните рентгенски снимки е откриен нов, напреден тумор во близина на црниот дроб кој не реагира на експерименталните медикаменти кои почнала да ги конзумира минатата година.

Дебора, која има 40 години, вели дека нејзиниот онколог сака да се врати на хемотерапија.

„Го допрев дното, но се обидувам и понатаму да се будам со позитивна мисла. Се плашам од најцрното сценарио“, вели таа.

Со сопругот Себастијан Бовен имаат син и ќерка.

„Навистина ми е тешко да си ги гледам децата. Имаат 13 и 11 години и се прашувам дали ќе го дочекам нивното полнолетство. Веројатно нема. Се’ што сакам е да имам иднина и да мечтаам за неа. Сакам да славам уште родендени, да направам големи забави“, завршува таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Со спектакл до финале: Еве зошто сите зборуваат за таткото на Марија!

Уште еден спектакуларен настап имаше нашата Марија Груевска во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Македонската натпреварувачка ги воодушеви и публиката и жирито и се пласираше во финалето. Прво ја отпеа темата „Веруј у нас“ од Адил, додека на прстите на двете раце ѝ гореа свеќи за време на целиот […]