fbpx

Македонија тагува, згасна уште еден млад живот

Нова трагедија утрово ја потресе Македонија.

Веста за згаснувањето на уште еден млад живот ги вознемири сите.

Почина Аида Хоџиќ, советничка во Советот на Општина Аеродром. 

„Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир“, напиша градоначалникот Златко Марин на „Фејсбук“.

Роднини и пријатели со трогателни посвети се простуваат од Аида на социјалните мрежи.

„Длабоко ме погоди веста за смртта на мојата фамилијарна пријателка и нашата советничка во советот на Општина Аеродром. Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на толку успешена млада личност.

Аида ќе биде запаметена како прекрасна другарка, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, која силно ја сакаше својата Општина. Искрено сочувство до фамилијата Хоџиќ. Почивај во мир Аида“, стои во една од објавите.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Совршенство во Кан: За овој фустан зборуваат сите!

Една од највлијателните светски блогерки, Германката Леони Хан, повторно ја воодушеви модната критика. Овојпат тоа го направи на филмскиот фестивал во Кан каде успеа да засени многу поголеми ѕвезди од неа кои прошетаа на црвениот килим. Хан одбра раскошен бел фустан, асиметрична лелеава креација инспирирана од грчките божици. Стајлингот го […]