fbpx

Пред 17 години ми го спаси животот: Тажен ден за македонското здравство

Почина примариус д-р Драган Филиповиќ, почесен претседател на Здружението на Србите и Македонците КУД „Бранко Чајка“ – Тетово.

Тажната вест ја објави порталот „Тетово инфо“, а неговите сограѓани со емотивни посвети се збогуваат со омилениот здравствен работник.

„Нека почива во мир. Најдобриот доктор хирург. Пред 17 години ми го спаси животот, благодарение на неговото знаење и стручност“, е еден од коментарите.

Тетовци ќе го паметат пред се’ по големата човечност и хуманост.

Филиповиќ е роден 1943 во Белград, но од својата четврта година живее во Тетово, каде завршил основно образование и гимназија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде завршил специјализација општа хирургија и супспецијализација абдоминална хирургија. Во училишните денови е активен спортист и игра кошарка.

Пет години работел како општ лекар во околината на Тетово, во село Шемшово. Потоа целиот работен век го поминал како специјалист на хируршкото одделение на Медицинскиот центар во Тетово. Бил претседател на Општинскиот одбор на Црвениот крст на град Тетово и член на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Република Македонија. Бил заменик-претседател на Лекарската комора.

Во областа на медицината е добитник на многу награди и признанија како на општинско така и на национално ниво. Највисока награда на национално ниво во областа на медицината е наградата „Св. Наум Охридски“ за доктор на годината за 2001 година, доделена од Лекарската комора, информираат од Здружението на Србите и Македонците КУД „Бранко Чајка“ -Тетово.

На општинско ниво, д-р Филиповиќ е добитник на наградите „19. Ноември“и „3. Март“ како заслужен граѓанин на градот Тетово. Од 2002 година е претседател на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” и ја извршува должноста во два мандати се’ до 2010 година, по што е именуван за почесен претседател.

Фото: МИА

Следни Објави

Болеста на синот ја промени засекогаш: Тешката судбина на Есмералда

Оние што гледаа шпански сапуници дефинитивно се сеќаваат на славната „Есмералда“, хит-серија која доживеа голема популарност на почетокот на овој милениум. Главната хероина, актерката Летиција Калдерон, за време на снимањето имаше 29 години и беше на врвот на својата актерска кариера. Таа и после две децении глуми во сапуници, а […]