fbpx

Сите плачат за оваа девојка: Не беше само докторка, ОВАА слика ја споделуваат сите (ФОТО)

Младата лекарка од Бихаќка, Азра Спахиќ (25), почина во Сараево откако А.Б. ја удри со автомобил кој го возел без дозвола и под дејство на алкохол.

Регионот тагува по оваа исклучително талентирана девојка, вработена како доктор по медицина во сараевската болница. Тамошните медиуми сега откриваат дека дека освен медицината, Азра имала уште една страст.

Дипломирала на Факултетот во Сараево. Додека била четврта година на медицина, нејзината приказна ја сподели туристичко-информативниот портал posjeti.ba, кој го води Здружението за промоција на одржлив развој на туризмот, зачувување на традицијата и културата „Мапа на културата“.

Здружението сега на социјалните мрежи ја објави веста за крајот на животот на оваа млада лекарка и уметница.

„Секогаш кога ќе згасне млад живот, тешко ни е. Нејзината уметничка приказна беше посебна за нас. Таа го имаше тој талент кој од прва се вклопи во Културната мапа. После тоа решивме да им го претставиме на нашите следбеници. Како што вели насловот, таа својата приказна со цртање не ја започна на патување, но, за жал, несовесното возење во алкохолизирана состојба ја заврши таа приказна на овој свет токму на патување до дестинацијата до која не успеа да стигне“, порачаа од Здружението.

Во Азра и во уште тројца пешаци со „мерцедес“ удри Армин Берберовиќ (1996) од сараевската општина Стари Град.

Берберовиќ во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол, а возел со брзина значително поголема од дозволената. Тој немал возачка дозвола. Синоќа околу 2.30 часот бил уапсен од полицијата.

„Истиот ден во 2.30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода лицето Б.А., роден во Сараево 1996 година поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и загрозување на јавниот сообраќај, по што лицето лишено од слобода е предадено во притвор“, соопшти полицијата.

Во незгодата повредени се пешаците С.А. (роден 1997 г.) и С.Е. (роден 2002 г.). С.А здоби повреди опасни по живот, а другата се здобила со тешки повреди.

Следни Објави

Хорор во позната продавница! Жена купила панталони, ги облекла, па едвај се спасила

Страшна сцена, никој не очекува да се случуваат вакви работи при купување Повеќето жени уживаат во шопинг, во купувањето нови работи. Сепак, никој не очекува дека работите може да тргнат до толку наопаку, што би добиле изгореници од нови панталони. Токму тоа ѝ се случило на една жена во Крагуевац […]