fbpx

Лоба се расплака: Македонската пејачка со руско потекло проговори за војната (ФОТО)

Докажаната македонска пејачка Викторија Лоба денеска гостуваше во утринската емисија на „Телма“.

Освен за проектите на кои е фокусирана во моментов, таа зборуваше и за пандемијата, па откри дека дури двапати го прележала коронавирусот, за среќа, без никакви симптоми.

При крајот на разговорот, водителот Ненад Ѓоргиевски ја спомна и актуелната ситуација со војната во Украина.

Оваа тема е исклучително чувствителна за Викторија која е родена Русинка.

„Јас сум со огромна желба за мир, за љубов и разбирање помеѓу сите, помеѓу народите.. Пред се’ сакам да кажам дека народот треба да биде соединет, не треба да не’ одделуваат без разлика дали се работи за различни народи и националности.. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога тоа ќе се случи, нема да може ниту еден политичар да не скара“, рече Лоба во емисијата и се расплака.

Пејачката објасни дека живееме во време кога едноставно сите емоции се потрошени.

„Навистина е хаотично во целиот свет ова што се случува моментално“, дополни таа.

Ј.П.

Фото: Принтскрин/Телма

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Прерано нè напушти: Македонија тагува по Мартин

Уште еден живот прерано згасна, а тажната вест е потврдена и на официјалната фејсбук-страна на Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ. Истата ви ја пренесуваме во целост: „Во жал и со неверување ја примивме тажната вест за прераната смрт на нашиот колега Мартин Петковски, вработен во СВР Куманово и […]