fbpx

Хорор! Почина Тања, животот го загуби во страшна несреќа

Младата инфлуенсерка Тања Пардази (21) која се прослави на социјалната мрежа „Тик Ток“ загина во страшна несреќа.

Ѕвездата од Канада, инаку поранешна убавица со титула, имала трагичен соло скок од авион откако падобранот не ѝ се отворил на време, пишуваат светските медиуми. Според првичните информации на истрагата, таа веќе била толку ниско што ни помошниот падобран не можел автоматски да се отвори.

Несреќната девојка со тешки повреди била итно хоспитализирана, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Канадските портали пренесуваат дека во последното видео пред смртта, Тања на своите 100.000 следачи им раскажува токму за скокањето со падобран и љубовта кон легендарната игра „Тетрис“.

Скокот со падобран го уплатила преку една школа за воздушни спортови која за вакви потфати предвидува само еден ден обука.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Важно! Ако скенирате сметки, ова ќе ве израдува

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, се пофали дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати. Таа нагласи и дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветеното пред граѓаните. „Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на […]