fbpx

Неочекуван пресврт: Нови шокантни детали за смртта на Маја Јанеска

Македонската инфлуенсерка имаше само 38 години

Не стивнуваат реакциите кај нас, но и во јужноафриканските медиуми по смртта на популарната мејкап артистка, инфлуенсерка и претприемачка Маја Јанеска.

Порталот „Њуз 24“ сега открива дека атрактивната девојка по потекло од Охрид, во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата. Tаа била во врска со милионерот Кајл Филипс, ко-директор на компанија за цигари, а во моментот на трагедијата нејзиното момче било во домот.

Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за истиот медиум раскажуваат дека не веруваат оти таа сама би си го одзела животот.

„Само што се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Оствари добра комуникација со министри во земјата и директори. Го сакаше животот и не можам да разберам зошто некој би ѝ наштетил на било кој начин“, објаснува Ива Ристиќ, блиска пријателка на покојната.

Во меѓувреме, африканската полицијата соопшти дека е извршен увид во врска со смртта на Јанеска, а во оваа фаза органите на прогонот не го третираат случајот како сомнителен. 

„Полицијата доби повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронајде жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврди лекар“, изјави портпаролот на полицијата.

Која всушност беше Маја која на социјалните мрежи имаше над милион следбеници, често го покажуваше својот луксузен животен стил и редовно се фотографираше со ВИП-личности, прочитајте ОВДЕ!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Видно ослабен: Врчак денес е непрепознатлив (ФОТО)

Раде Врчаковски-Врчак во раните 2000-ти уживаше огромна популарност кај нас. Жените го обожаваа, мажите му се восхитуваа на животниот стил, неговото име секојдневно се провлекуваше во тогашните таблоиди. Несудениот доктор пред речиси една деценија одлучи комплетно да се повлече од медиумите. Неговите блиски пријатели и поранешни соработници велат дека и […]