fbpx

Потресни детали за смртта на Димче Мешковски: Ова му била последната желба

Почина легендарниот македонски актер Димче Мешковски. Остави премногу на домашната сцена како истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.

„Небото е сега твојата сцена. Почивај во мир мој чичко Димче. Ќе ми фали бескрајно твојата мудрост“, напиша на „Фејсбук“ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска.

Како блиска пријателка на семејството Мешковски, таа открива потресни детали за последните часови пред неговата смрт.

„Чичко Димче починал мирно во својата фотеља додека бил заедно со својата сопруга. Си заминал мирно како што отсекогаш сакал и негова желба била да не го носат веќе по лекари. Сега се слушнав со неговата ќерка Наташа која до пред три недели беше во Америка кај своите родители и кај сестра си. Во повеќе наврати сум рекла дека тој ми беше како втор татко, како дете одев на часови по глума кај него и останавме пријатели до самиот крај“, раскажува Сања за „Слободен печат“.

Мешковски оствари улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).

Својот глас го позајмуваше и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а беше познат и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.

Следни Објави

Имаше четири бајпаса, оперираше и тумор, но не се жалеше: Мешко велеше дека Скопје го лечи од сите болести

По долго боледување, во Америка почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште со сопругата живееше во Санта Моника, САД. Најголемата причина за неговата преселба од другата страна на Атлантикот беше неговата внука Леона од ќерката Јасна, но, како што самиот изјави во една прилика, и напредната медицина која му […]