fbpx

Овие два знака се тотална спротивност: Нивната врска е осудена на пропаст

Тотална спротивност

Како што велат астролозите, некои знаци едноставно не се еден за друг, бидејќи нивната енергија тешко се совпаѓа и кога-тогаш ќе завршат неславно.

Истражувањата покажаа дека Бикот и Водолијата се најлошата комбинација во целиот зодијак!

Биковите се многу сигурни, љубители на се’ убаво и се материјалисти. Тие се стабилен и трезвен знак, но се и многу тврдоглави и упорни. Понекогаш може да изгледа дека во врската бараат премногу, дека ги обвинуваат другите за она што го прават и дека едвај ги простуваат тие грешки. Тие се решени да ја добијат својата правда, по секоја цена.

Од друга страна, Водолиите се движат по екстрем. Можат да бидат многу мирни и повлечени, но и многу ексцентрични. Не сакаат да бидат ограничени и воздржани, па затоа конзервативната природа на Бикот воопшто нема да им се допадне. Покрај тоа, Биковите се многу искрени и се држат до принципите и правилата во животот.

Водолиите не им придаваат премногу значење на таквите работи. Понекогаш Водолиите сакаат да избегнуваат обврски и да се однесуваат неодговорно, а тоа може да ги налути и изнервира Биковите и повеќе од очекуваното.

Следни Објави

Мирот ми е важен! Соња Тарчуловска си ја отвори душата (ФОТО)

По подолго време, на социјалните мрежи се огласи Соња Тарчуловска. Познатата македонска фолк-пејачка со емотивна објава ги разнежни нејзините следбеници, а во коментарите доби срце и од нашата поп-ѕвезда Елена Ристеска. „Стигнав до возраст кога не ми е грижа дали ме сакаат, мразат, озборуваат или фалат. Само не ми е […]