fbpx

Уште едно бебе почина во битолската болница: Шокантни детали за трагедијата

Има ли крај?!

Нов смртен случај во битолската болница повторно ги вознемири граѓаните на градот. Овопјат починало бебе, само два часа од породувањето.

На мајката која има 24 години ова ѝ била прва бременост. Вчера била хоспитализирана со породилни болки, а претходно немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.

Според лекарите, пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето уште веднаш била многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа, јавува „А1 он“.

Мајката е во релативно добра здравствена состојба.

Со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите. Тој најавил испитување на случајот и допрва ќе се утврдуваат причините за смртта на новороденчето.

Следни Објави

Естрадата во шок: Ќе го паметиме како сакан сопруг и татко, загубивме голем пријател

Марк Шихан, гитаристот на познатата ирска рок група The Script, почина на 46-годишна возраст. Членовите на бендот објавија дека Марк починал во петокот, информирајќи ги фановите дека го загубил животот во болница по кратко боледување. Официјалната причина за смртта не е објавена. Колегите ќе го паметат како „многу сакан сопруг, […]