fbpx

Ферус беше во кома: Ова е потресно, еве што му се случило

По кратко боледување синоќа почина Ферус Мустафов.

Тој пред три недели беше хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје.

Ова на „Фејсбук“ го соопшти неговиот внук Ферчо Мустафов кој откри детали за здравјето на легендарниот македонски кларинетист и саксофонист.

„Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто еден лекар му ја тргна. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар. Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“, раскажа неодамна внукот за „Фокус“.

Пред три месеци Ферус гостуваше во популарниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров и зборувајќи за маестро Милан Завков кој ненадејно почина во февруари емоциите до толку го совладаа што се расплака среде интервју.

„Едниствен човек кој беше и музичар и човек. Не се раѓа таков. Милан со мене 15 години беше по турнеи, сите проекти заедно ги снимивме“, раскажа Мустафов во шоуто на Лазаров.

 

Следни Објави

Најтрагичната љубовна приказна во СФРЈ: Славната пејачка не престана да го сака и да му пишува писма

Отсекогаш раскажуваа дека се сретнале, се погледнале и никогаш повеќе не се разделиле. Јоспиа Лисац и нејзиниот партнер, музичарот Карло Метикош, и три децении по неговата смрт како да се неразделни. Секој концерт легендарната пејачка му го посветува нему и секогаш нагласува дека нивната љубов сѐ уште е жива. „Не […]