fbpx

Ферус Мустафов се бори за живот: Доцна вечерва се огласи неговиот внук

Легендарниот македонски кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов е хоспитализиран и се бори за живот.

Ова вечерва на социјалните мрежи го откри неговиот внук Ферчо Мустафов.

„До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“, напиша тој на „Фејсбук“.

Пред два месеца Ферус гостуваше во популарниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров и зборувајќи за маестро Милан Завков кој ненадејно почина во февруари емоциите до толку го совладаа што се расплака среде интервју.

„Едниствен човек кој беше и музичар и човек. Не се раѓа таков. Милан со мене 15 години беше по турнеи, сите проекти заедно ги снимивме“, раскажа Мустафов во шоуто на Лазаров.

Следни Објави

Крваво утро: Најмалку шест убиени, ученичка со потресно сведоштво за пукањето

Крваво утро, девојче сведочи за пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград Најмалку шест лица, меѓу кои и повеќе ученици, наставничка и припадник на обезбедувањето се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе предмалку српскиот портал „Нова“. Убиството го извршило 14-годишниот Коста Кецмановиќ, а […]