fbpx

Неочекуван потег! Мајката на Коста ги изненади сите

Мајката на Коста секој нареден саат добива по неколку десетици заканувачки пораки преку интернет за злосторството на нејзиниот син.

Ова го тврди близок роднина на семејството Кецмановиќ. Од безбедносни причини таа планира да се пресели во странство, открива истиот извор.

„Миљана и нејзината десетгодишна сестра веројатно први ќе ја напуштат Србија, а во одреден момент би им се придружил и таткото, доколку излезе од затвор“, раскажува тој.

Според неофицијални информации на „Република.рс“, мајката на Коста зела неплатено отсуство од Биолошкиот факултет каде што работи и со нејзината ќерка е на непозната локација во Србија.

Блиски пријатели на семејството велат дека таа се’ уште е во шок и едвај собира сили да се грижи за помалото чедо, сестрата на Коста на која ѝ се слошило кога дознала што направил нејзиниот постар брат за време на часот по пијано.

„Иако е силна жена, не може да си дојде при себе по злосторството на нејзиниот син. Сега е многу потресена за безбедноста на ќерка си. Не веруваме дека некогаш ќе се врати во станот, најверојатно ќе го продаде“, вели пријател на семејството Кецмановиќ.

Планираниот крвав поход Коста го реализира на трети мај кога уби осум свои врсници и вработен од обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Момчето го планирало масовното убиство цел месец, а она што е утврдено со вештачењето на неговиот мобилен е дека свесно го извршил злосторството, затоа што непосредно пред трагедијата на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата под 14 години кривично одговараат за злосторства.

Следни Објави

Шок! Естрадата во солзи: Се случи она најлошото

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на 57-годишна врвна пејачка и музичарка Лана Токовиќ. Нејзините соработници во неверување и шок се простуваат од неа. Познатата српска пејачка Тања Бањанин е неутешна по смртта на својата блиска колешка и пријателка. „Се случи она најлошото. Умре уште една моја прекрасна другарка. Мојата […]