fbpx

Неочекуван потег на Коста: Лекарите во шок, никој не очекуваше такво прашање

Коста Кецмановиќ се’ повеќе се прикажува како хистерично дете, а не како ладнокрвен убиец. Тој секојдневно го менува однесувањето, тврдат вработени на Клиниката за неврологија и психијатрија.

Службите кои се во секојдневна комуникација со него брифираат дека масовниот убиец секојдневно ги малтретира со неподносливи идеи.

Бројни експерти макотрпно работат со момчето, обидувајќи се да го разберат мотивот на грозоморен напад кој го изврши на трети мај годинава оставајќи многу семејства во црно. Според неофицијални изјави од извори блиски до истрагата, Коста го извршил масакрот за да ѝ се освети на мајка си Миљана Кецмановиќ.

Масовниот убиец од Врачар уште од почетокот на престојот ниту еднаш не прашал за родителите, покажувал само знаци на рамнодушност, а ни трага покајание за извршените злосторства. На никого не му било јасно како е можно Коста да не покаже интерес за надворешниот свет. Единственото нешто на што се жалел е досадата, барал компјутер и игри за да го помине времето.

Единствениот момент кога покажал одреден степен на емпатија е кога прашал за својата помлада сестра. Лекарите се шокирале од неговото прашање кое дошло како гром од ведро небо.

„Обично се жалеше дека му е здодевно, но никогаш досега немаше прашано за Владимир, Миљана и за помалата сестра. Затоа лекарите беа шокирани кога за време на разговорот со нив прашал дали знаат што прави неговата сестра“, вели добро информиран извор.

Месецов се наврши точно половина година од крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ кога тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет ученици и вработен од обезбедувањето.

„Коста се гледа себеси како нормална личност и така зборува за себе. Притоа, тој не покажува каење за бруталното масовно убиство, ниту некаква емоција кон неговите убиени пријатели или неговото семејство, кои исто така ги стави во страшна ситуација, особено неговата помлада сестра, ни крива, ни должна“, вели истиот извор.

Насловна: Информер

Следни Објави

Овие три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во декември

Астролозите прогнозираат дека годинава ќе им заврши на најдобар можен начин Неверојатен успех на речиси сите полиња ги очекува припадниците на следните три хороскопски знаци! Бик Ќе ви се врати самодовербата на голема врата и конечно ќе имате волја да блеснете во полн сјај. Конечно ќе ги подобрите интимните односи […]