fbpx

Докторка предупредува: Овие луѓе не треба да јадат цреши

Внимавајте! За здравјето се работи

Црешите се нашето омилено овошје. Сепак, експертите тврдат дека ова овошје не смее да се јаде во неограничени количини, во спротивно може сериозно да си го загрозите здравјето.

Црешите се многу вкусни и можат да се консумираат во различни комбинации. Покрај тоа, тие се многу корисни за имунитетот и содржат голем број витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни која количина всушност е дозволена да се консумира на дневна основа.

Црешите содржат многу витамини Ц и бета-каротин, витамини Б6 и К, фолна киселина, минерали калиум, железо, бакар, манган, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и кобалт. Црешите се богати со растителни влакна, кои помагаат за подобро варење, додека присуството на целулоза го регулира варењето.

Потемните плодови се поздрави бидејќи имаат поголема концентрација на антоцијани и имаат поголемо антианемично дејство. Тие содржат мелатонин кој помага при релаксација.

Пред да ги конзумирате, потребно е добро да ги измиете под ладна вода.

„Идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, па луѓето кои веќе имаат проблеми со тоа треба да внимаваат колку јадат“, предупредува нутриционистката Наталија Нефедова.

Препораката е една шака дневно.

Следни Објави

Ја гледате ли буквата М на вашата дланка? Само посебни луѓе ја имаат

Линиите на дланката можат да формираат фигури, но и букви. Една од нив е буквата М. Се смета дека таа многу ретко се среќава и луѓето кои ја имаат се посебни Луѓето кои на дланката ја имаат буквата М се исклучително талентирани. Имаат силна интуиција и неверојатна енергија, па се […]