fbpx

Бизарна смрт! Почина младата актерка, родителите со одлука која ги изненади сите

Корејската актерка Парк Су Рјун, ѕвездата од популарната телевизиската серија Snovdrop, почина во неделата, на 11 јуни, на 29-годишна возраст.

Азиските медиуми пишуваат дека е во прашање бизарна смрт. Младата уметница починала по случаен пад по скали додека се враќала дома од работа.

Веднаш била хоспитализирана, но лекарите не успеале да ја спасат.

Нејзините родители одлучија да ги донираат органите на своето чедо.

„Срцето и понатаму ќе ѝ чука. Како нејзини родители ќе можеме некако да собереме сила и да продолжиме да живееме тешејќи се со помислата дека нејзиното срце завршило кај некој добар човек и дека и понатаму ќе бие“, изјави мајката на Парк Су Рјун скршена од болка.

Следни Објави

Му се случи голема трагедија: Вака Ламбе го пронајде својот мир

„Оган да го гори“ е актуелниот рефрен на Ламбе Алабаковски, песна која е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за обработка на композицијата која е авторско дело на две фолк легенди-Војо Стојаноски (музика) и Гоце Николовски (стихови). Аранжманот е на Николче Мицевски. Ламбе по неколку години поминати в туѓина, неодамна одлучи […]