fbpx

Му се случи голема трагедија: Вака Ламбе го пронајде својот мир

„Оган да го гори“ е актуелниот рефрен на Ламбе Алабаковски, песна која е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за обработка на композицијата која е авторско дело на две фолк легенди-Војо Стојаноски (музика) и Гоце Николовски (стихови). Аранжманот е на Николче Мицевски.

Ламбе по неколку години поминати в туѓина, неодамна одлучи да се врати во татковината.

На врвот од популарноста, македонскиот пејач се соочи со голема семејна трагедија. Само што стана полнолетен почина неговата мајка Маријана.

„Се сеќавам, веднаш после два месеци од нејзината смрт, настапував на фестивалот во Будва каде што со Александра Пилева во дует ја отпеавме „Да могу време вратити”. Сила да продолжам добив од Бога и од музиката“, раскажа Ламбе неодамна во едно интервју.

Вистинската духовност Алабаковски ја искусил кога се запознал со монашкото братство од Бигорскиот манастир. Благодарение на Игуменот, отец Партениј, стапил во контакт со духовната музика. Подоцна објасни дека емоциите со кои се исполнува овој жанр зависат од духовната возраст и од благодата која ни ја дава Бог.

„Чувствата доаѓаат кога сме со отворено срце. Радоста, тагата, силата, вербата и љубовта не се опишуваат. За Боженственото зборови не постојат“, изјави во една прилика.

Венчавката на Ламбе во Бигорски

Највредниот совет кој го памети од својата мајка бил да не брза и постепено да ја гради кариерата.

„Средбата со игуменот старец Партениј по неколку години исто така ми помогна да се утврдам во верата и да го пребродувам тој настан, сфатив дека се е дел од животот а во Христијанството можеби парадоксално но смртта е радост за во вечноста! Силно чуствувам дека нејзиното присуство е тука и секогаш ме чува и бодри за сите мои одлуки“, објасни тој.

Следни Објави

Можно ли е ова? Една работа што ја направил Коста е голема мистерија

Не престанува интересот во јавноста за 13-годишниот Коста Кецмановиќ, тинејџерот кој на трети мај годинава тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето. По трагедијата која ја потресе и згрози цела Србија, па дури и светот, се појавија различни шпекулации, […]