fbpx

ВНИМАВАЈТЕ! Крупен град и големи поплави, Попоски најавува невреме за викендот

Вечерва, а особено утре, големото невреме кое го најавивме за Македонија, како и за целиот регион ќе прави големи проблеми, предупредува Славчо Попоски.

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, на многу места низ Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. 

Поради особено големата енергија во атмосферата, на повеќе места ќе има појава на големо невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер, како и со појава на крупен град.

Постои опасност од големи временски непогоди, односно големи поплави, пишува Попоски на неговиот портал „Метео аларм“.

Температурите остануваат летни и нема многу да се менуваат во споредба со оние кои ги имаме сега.

Следни Објави

Утре е важен ден: Славиме двајца светци, никако не правете го ова!

Утре е 24-ти јуни, православните вреници го слават празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава. Светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте големи апостоли. Се чини дека Вартоломеј и Натанаил се една иста личност. Имено, Натанаил се споменува како една од дванаесетте во Јовановото евангелие, додека во другите евангелија се […]