fbpx

Трагедија! Во немил настан животот го загуби Ленче, колегите во шок

Во трагична несреќа вчера животот го загуби Ленче Јованова (1957-2023) која сиот свој работен век го помина во Музејот на град Скопје.

Од Македонското археолошко друштво со големо неверување ја примија веста дека нивната колешка во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66-годишна возраст го загуби својот живот.

„Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје. Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура. Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум.

Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот“, напишаа нејзините колеги на „Фејсбук“.

Следни Објави

Радувај се Македонијо! Нашиот Павле го освои регионот, убедливо на врвот

Струмичанецот Павле Витанов ја однесе победата на онлајн гласањето во шоуто „Никад није касно“. Тој доби дури над 44 илјади гласови или 34,5 одсто од вкупните гласовите за сите кандидати на дигиталната платформа Фејсбук. Витанов беше и во врвот по СМС гласањето. Со над 7 илјади смс пораки тој го […]