fbpx

Страшни детали за починатата пејачка: Тоа што го сторил маж ѝ ја скршило уште повеќе

Пејачката Хариета Симиќ, попозната како Харина, почина на 41-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот на дојката.

Харина последниве години се борела како лав, а во најтешката битка во животот сопругот ја оставил, пишуваат тамошните медиуми.

Хариета била оперирана од рак на дојка во 2023 година, а неколку дена по операцијата, нејзиниот сопруг ѝ јавилв дека сака развод.

„Многу се жртвував за Владица, дадов злато од неколку илјади евра за враќање на долговите. Ми даде и тој мене за лекови, но.. Недолго потоа, повторно го продадов накитот за да може да ја плати киријата и да купи нов камион. Сега, седум дена по операцијата и ампутацијата на градите, ми се јавува да ми каже дека не сака повеќе да биде со мене и дека нашол нова“, изјавила неодамна пејачката.

„Ми рече да не му се јавувам повеќе и дека ќе се ожени со таа девојка. Ме остави во најтешкиот момент. Ме искористи и ме остави. Не можам да верувам што ми подготви, се’ уште ме чекаат хемотерапија и зрачење, но нему тоа не му е грижа“, раскажа тогаш пејачката, пренесува „Србија Данас“.

Хариета неодамна ја раскажа својата тешка судбина и преку „Инстаграм“ ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат доколку имаат можност, а прва за помош ѝ се јавила пејачката Милица Тодоровиќ која наводно ѝ го платила лекувањето.

„Кога дознав дека имам рак, буквално побегнав од Шведска, каде што престојував со мојот сопруг. Ми требаа три месеци да ги извадам документите за да добијам хемотерапија, поради што косата ми падна. Имав рани по главата и телото, поминав низ пекол. Сакав да се откажам од се’. Десет месеци не ми кажуваа дека имам метастази, пиев масло од канабис, чаеви, што веројатно делуваше“, изјави во една прилика за „Блиц“.

Хариета пред неколку дена падна во кома, а почина вчера во болницата во Смедерево.

Следни Објави

Во сообраќајка почина познатиот фотограф: Детали за несреќата

Во сообраќајна несреќа во Велес почина познат фотограф од Гостивар, информираат од коалицијата „Вреди“. Партиите го откажаа вечерашниот митинг во Гостивар од каде што е починатот. Едмонд Амзаи е сопственик на фото-студиото „Акон“. Роден е 1981 година и позади себе остави сопруга и син. „Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот […]