fbpx

Магда го уби Кристијан, па замина во полиција: Кога ја кажа причината, ја ослободија!

Аргентинското обвинителство пред две години одлучи да ја ослободи Магда Соледад од Буенос Аирес, која признала дека го убила сопругот Кристијан Сенра, бидејќи не можела повеќе да гледа како ја малтретира нејзината малолетна ќерка.

Таа се пријавила во полицијата на неверојатен и, би можело да се каже, бизарен начин, кој не се гледа секојдневно.

„Добар ден! Дојдов да се предадам, го убив сопругот. Го обесив со сајла за повеќе да не ми го малтретира детето“, биле нејзините зборови.

Сенра пред две години во повеќе наврати ја злоставувал ќерката на Магда, а трагедијата се случила кога сите тројца биле заедно во автомобилот и среде жестока расправија таа го зела јажето за влечење од гепекот и го задавила.

По нејзината исповед, полицијата се упатила кон местото на злосторството и го пронашла мртвото тело.

Магда Соледад завршила во притвор, а еден месец по немилиот настан, неколку феминистички групи организираа протести пред судот барајќи нејзино ослободување, бидејќи според нив таа „легитимно“ делувала.

Два дена подоцна, по истекувањето на законските рокови за нејзино задржување во притвор, судијата Алесандро Мора донел ослободителна пресуда.

Следни Објави

Лушпите од јајца се богатство, а ние ги фрламе: И корисни се и лекуваат!

Кога ќе го прочитате овој текст никогаш повеќе нема да ги фрлите лушпите од јајца Јајцата се една од омилените намирници за појадок во многу домови, без разлика дали ги варите или пржите како јајца на око, омлет или кајгана. Но, лушпите од јајца секогаш завршуваат во кантата за ѓубре, […]