fbpx

Македонија тагува! Загубивме голем уметник, почина Ѓоко Целески

Во 88. година од животот, во Охрид, почина ликовниот уметник и педагог Ѓоко Целески, јави порталот „Охрид1“.

Учествувал на бројни самостојни и групни изложби, како и на ликовни колонии во Македонија (Кнежино), Албанија и Бугарија. Застапен е во книгата „Сликарството во Охрид во 20 век“ од Јорданка Матова, како претставник на втората генерација ликовни уметници.

Целески е основач на најстарата ликовна колонија кај нас, „Дебрца“, во селото Белчишта, воедно, и со најбогат фонд од над 700 уметнички дела. Ја чувствуваше како своја рожба, како свое чедо. Нагласуваше дека ја негува, колку и своите деца и внуци.

Зад Ликовната колонија „Дебрца“ стои создателство од платна на великани во ликовната уметност, од постарата, но и помладата генерација.

Следни Објави

Страшно! Конечно откриена вистината за убиецот на младата тиктокерка

Тиктокерката Ноа Миливојев (18) е убиена на свиреп и ужасен начин, откако монструмот ја распарчи и ѝ ги спакува деловите од телото во кутии и торби. Нејзиното тело е изобличено до непрепознатливост, а за ова монструозно злосторство е осомничен 33-годишен маж кој наводно делото го извршил во стан во строгиот […]