fbpx

Марија загина за 240 денари: По жестока расправија, сторила нешто неочекувано

Девојка од Колумбија починала од тешки повреди на главата откако скокнала од такси во движење поради расправија за цената на превозот

Марија дел Кармен Карденас (34) мислела дека таксистот ѝ наплаќа поскапо за возењето, што ја натерало да скокне од автомобилот. Инцидентот се случил во Баранкиља во северна Колумбија на 26 јули, а повредената девојка починала во болница во неделата.

Локалните медиуми јавуваат дека таксистот и патничката почнале да се расправаат за тарифникот. Марија наводно одбила да ја плати сумата која ја сметала за превисока, а возачот и се заканил дека ќе ја врати на местото каде што го запрела. Потоа таа наводно ја отворила вратата од таксито и излегла од возилото кое се движело со голема брзина.

Удрила со главата на патот и се здобила со тешки повреди. Таксистот итно ја однел во блиската болница каде што починала по 11 дена на интензивна нега.

Цената за која Марија и таксистот се расправале била само 17.000 колумбиски пезоси, или приближно 240 денари.

Колумбискиот весник „Ел Хералдо“ го цитираше портпарол на сообраќајната полиција.

„Таксистот побарал 17.000 пезоси за возењето, а патничката му одговорила дека нема да плати толку. Тој ѝ рекол дека ќе ја врати назад на местото каде што го запрела, а сопатничката ја отворила задната врата и скокнала од возилото“, велат од полицијата.

Колумбиската полиција поведе истрага за да утврди кој е одговорен за смртта на младата жена.

Следни Објави

Македонскиот министер стана татко: За ќерката одбра име со посебно значење

Актуелниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, стана татко. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи. „Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот […]