fbpx

Се удави 11-годишниот син на познатиот актер: Трагедија во Грција

Момчето кое денеска се удави на плажа на грчкиот остров Фурни е синот на познатиот актер Одисеј Стамулис, јавуваат тамошните медиуми.

Единаесетгодишното дете кое е пронајдено мртво, настрадало во морето под засега неутврдени околности. Наводно се заплеткал во рибарски мрежи, но тоа не е официјално потврдено.

Детето било облечено во костим за капење и маска кога било пронајдено на плажа во близина на пристаништето. Неговата мајка, која води хотел на островот, го барала уште од рано попладне, а за исчезнувањето на момчето ги известила властите во 18 часот и 30 минути.

Веднаш започнала потрагата на полицијата и крајбрежната стража, која завршила трагично бидејќи малолетникот во 20 часот и 30 минути го пронашле нуркачите заплеткано во мрежи два метра под површината на морето.

Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во амбулантата во селото Фурни каде била констатирана смрт, пишува „Прототема“.

Следни Објави

Беше природна убавица, ѝ нудеа брдо пари за интимни односи: Денес не личи на себе

Тијана Стајшиќ беше една од најубавите девојки на овие простори. Во 2001 година влезе во финалето на светскиот избор за убавина Miss World. Оваа убавица отсекогаш беше сон на многу мажи, а често добиваше и непристојни предлози, пишуваат српските медиуми. „Кој и да се занимава со оваа или со некоја […]