fbpx

Ни доаѓа еден од најголемите празници: Еве што не смеат да работат жените, а што мажите

Православната црква и нејзините верници на 19 август го одбележуваат големиот празник, Преображение.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од овој ден ноќите стануваат поладни како и дека почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Жени, не е добро ни да се плаче на овој ден. Мажи, не е добро цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Сепак, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

Следни Објави

Комарец ја касна на чело, по една недела почина: Лекарите го игнорираа ОВА!

Девојка од Велика Британија починала откако развила смртоносна инфекција по убод од комарец. Оријана Пепер (21) во јули 2021 година била на обука за пилоти на компанијата „Изиџет“ во Белгија, кога ја каснал комарец на чело. Местото на убодот, над десната веѓа, веднаш ѝ отекло. Момчето ја однело во болница […]