fbpx

Денеска е голем празник: Жени, никако не правете го ова!

Православната црква и нејзините верници на 19 август го одбележуваат големиот празник, Преображение.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од овој ден ноќите стануваат поладни како и дека почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Жени, не е добро ни да се плаче на овој ден. Мажи, не е добро цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Сепак, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

Следни Објави

На 60 години почина Љац, тажната вест ја сподели и неговата поранешна сопруга

На 60-годишна возраст почина познатиот македонски актер Владимир Ендровски-Љац. Тажната вест ја објавија од Македонскиот народен театар. „Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран – единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата […]