fbpx

Страшни детали за смртта на Марија: Почина ќерката на познатиот пејач

Поќерката на познатиот мексикански пејач Луис Анхел, Марија Фернанда Роблес (21), трагично почина на летување.

Марија се удавила во популарното летувалиште Мазатлан ​​во понеделникот во 4 часот и 40 минути. Според последните извештаи на тамошните новинари, по забавата, таа со неколку пријатели отишла на утринско капење во популарното одморалиште во државата Синалоа.

Локалните медиуми јавуваат дека била во алкохолизирана состојба во моментот на несреќата.

Капачите го виделе телото како лебди и повикале брза помош. Пријател на Марија, наводно, исто така доживеал инцидент додека сурфал, но, за среќа, бил извлечен на безбедно.

Пејачот, скршен од болка, се огласи со потресни зборови.

„Морам да ја објавам смртта на мојата ќерка Марија Фернанда. Тоа е најголемата болка што човек може да ја почувствува. Ги ценам сите пораки со поддршка и љубов што ги добив. Ве молам за разбирање и за почитување на приватноста во овие исклучително тешки мигови за нас“, напиша Анхел на социјалните мрежи.

Следни Објави

Го исекол на парчиња, па го фрлил во веце шолја: Шок сознанија за убиството на Кристијан Пеев

Грозоморно убиство го потресе регионот. Во Софија е пронајдено распарченото тело на 41-годишниот бизнисмен со криптовалути Кристијан Пеев. Остатоците на милионерот кој имал и американско државјанство биле пронајдени од водоводџии кои биле повикани да расчистат блокиран одвод, јави „Мирор“. Инспекторите веруваат дека Пеев бил убиен во периодот од 8 до […]