Легендарната интерпретаторка на влашка музика, Изворинка Милошевиќ, доживеа тешка животна судбина.
На крајот од седумдесеттите години на минатиот век се вљуби во џез-музичарот Миша Блам кој го запозна на проба на Големиот народен оркестар. Куриозитет во нивната љубовна приказна е што таа го запроси него, а нивниот брак траеше 17 години.
На почетокот отворено зборуваа за нивната борба за потомство. Првото дете Изворинка го изгуби во шестиот месец од бременоста, додека втората, исто така ризична бременост, ја помина лежејќи во болница. За среќа, на свет донесе здраво бебе-синот Давид.
По тешко боледување, Миша Блам почина неколку години откако се разидоа. И покрај тоа што бракот не им успеа, Изворинка во едно интервју откри дека никогаш не го преболела и дека тоа била причината никогаш повторно да не застане пред олтар.