fbpx

Имаше тешка болест, одби да се лекува: Еве од што почина Слаѓана Милошевиќ

На 69-годишна возраст почина авангардната уметница Александра Слаѓана Милошевиќ.

Важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ.

Тажната вест ја потврди нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Милошевиќ починала во болница.

Беше позната по тоа што ретко дава интервјуа и ретко се појавуваше во јавноста. Сепак, неодамна по долга пауза зборуваше за приватниот живот, но пред се’ за своето здравје.

„Од напуштањето на болницата и лекувањето кое траеше две години со пократки прекини, моето здравје се’ уште е загрозено, но ако ништо друго се чувствувам послободно сега кога сум лишена од лошо лекување. Не припаѓам на луѓе кои бараат повеќе отколку што заслужуваат, но кај нас е видлив проблемот на поделба на пожелни и непожелни. Треба да се вложи многу напор во процесот на урбанизам, кој е се поприсутен, бидејќи сите сме граѓани на оваа држава. За време на болничкото лекување почувствував голема омраза од персоналот поради моето белградско потекло. За жал, не сум единствениот кој доживеал грубост, неетичност и недостаток на емпатија. Се чини дека етиката и моралот се сосема безначајни во медицинскиот образовен систем“, изјави таа во едно од нејзините последни интервјуа.

На Милошевиќ ѝ беше дијагностициран Сјогренов синдром, хроничнаавтоимуна болест од ревматскиот тип и од групата на колагенози, во кои одредени имунолошки клетки ги напаѓаат егзокрините жлезди, особено плунковните жлезди и солзните жлезди, со лимфоцитна инфилтрација и прекумерна активност на Б-клетките, а може да дојде и до дополнителни воспалителни промени во внатрешните органи и централниот нервен систем.

Следни Објави

Сопартијците од ВМРО се простуваат од Давид: Прерано замина

Уште еден живот прерано згасна Тажна вест сподели Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп. Почина младиот Давид Коруноски, роден 2003 година. „Ќе останеш секогаш во нашите мисли, нека ти биде светол патот кон царството небесно“, напишаа неговите сопартијци. „Прерано не’ напушти еден од најактивните членови на унијата на […]