fbpx

Македонија тагува: По кратко боледување почина проф. д-р Мицев

По кратко боледување денеска почина проф. д-р Витомир Мицев.

Тој е еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво и на Македонската психијатриска асоцијација.

Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград, образованието го завршува во Cкoпje, а специјализира во Лондон.

Библиографијата на проф. д-р Мицев регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија.

Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи утре, 17 септември, со почеток во 12.30 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје.

Следни Објави

Трагедија на Детска клиника: Почина двегодишно дете од Ресен

Трагедија Почина двегодишно дете од Ресен, дознава „Слободен печат“. Со Ковид 19, првично било хоспитализирано во Битола, па препратено на Детската клиника во Скопје. „Детето нема медицинска историја кај нас, бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме имал сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева […]