fbpx

Трагедија! Марко загина во сообраќајна несреќа, имаше само 26 години

Унгарскиот фудбалер Марко Варга (26) загина во сообраќајна несреќа во Австрија, каде што настапувал за локалниот тим АСКО Донау Линц, јавуваат тамошните медиуми.

Несреќата се случила синоќа, еден ден откако го одиграл последниот натпревар за својот клуб на кој се запишал и во листата на стрелци. Се’ се случило на автопатот А1 Запад кога возач на комбе со полна брзина налетал на неговиот автомобил.

Брзата помош успеала да го оживее, но подоцна во болницата им подлегнал на повредите.

Варга беше познат во регионалните лиги на Австрија, а спортскиот директор на неговиот клуб, Курт Баумгартнер, е во шок по трагедијата.

„Не знам што да кажам, ситуацијата е многу тешка за сите нас. Сè уште не можеме да поверуваме“, изјави тој.

Варга беше многу талентиран во јуниорските селекции каде меѓу другите настапуваше за Хонвед, Академија Пушкаш и Видеотон. Играше и за младинските селекции на Унгарија, но никогаш не го исполни својот целосен потенцијал.

Следни Објави

Павле Витанов замина на важен пат, сега сè е јасно (ФОТО)

Струмичанецот Павле Витанов кој ја однесе победата на онлајн гласањето во шоуто „Никад није касно“ отсекогаш негувал натпреварувачки дух, а олимписките принципи го воделе напред, дури и кога не му било најдобро, пишува „Гранд Нова“. Воден од принципот „важно е да се учествува, не е важно секогаш да се победува“, […]