fbpx

(РЕЦЕПТ) Лековита домашна супа: Eдна чинија го чисти организмот

Eм вкусна, ем го штити здравјето

Рецептот за оваа исклучително лековита домашна супа масовно се споделува.

Состојки:

  • 500г пилешко месо
  • 1 комплет за супа
  • 1 кромид
  • Сол
  • Црн пипер
  • Сув зачин или вегета
  • Домашни јуфки

Подготовка:

Исчистете го комплетот за супа и заедно со пилешкото исецкано на парчиња ставете ги во лонец со ладна вода.

Излупете го кромидот и запечете го на алуминиумска фолија директно на ринглата.

Додајте го кромидот во водата и варете на највисока температура за што побрзо да проврие водата. Откако ќе почне да врие, намалете ја температурата на тивко, посолете, ставете црн пипер и варете со затворен поклопец.

Кога месото и комплетот за супа ќе омекнат, извадете ги од водата и исецкајте ги на уште поситни парчиња. Ставете ги јуфките во течноста да се сварат, па потоа вратете ги месото и комплетот за супа и ставете го сувиот зачин.

Супата служете ја топла наросена со свеж магдонос. По желба можете да додадете и лимунов сок.

Секогаш може да експериментирате со разни додатоци, па следениот пат додадете власец, компир или јајце. Така ќе добиете комплетен ручек.

На здравје!

Следни Објави

Не фрлај со кал кон луѓето! Може да не стигне до нив, но ќе остане на твоите раце

Постојат десет таканаречени заповеди кои се сметаат за женска библија. Истите ви ги пренесуваме во продолжение, а вие добро запомнете ги! 1. Никогаш не карајте се со идиот. Прво ќе ве спушти на негово ниво, а потоа ќе ве победи со своето искуство 2. Никогаш не фрлајте со кал кон […]