Три хороскопски знаци ги очекува голем успех на финансиски план, ако се суди според предвидувањата на астролозите.
По финансиската криза изминатиов период, припадниците на овие знаци од зодијакот ќе „пливаат во пари“ до крајот на ноември.
РАК – Пари од странство. Тоа може да биде и соработка со странска компанија. Со посредство на Рибите можете да заработите повеќе пари. Исто така, планетите во деветтото поле ви носат можност да добиете платено патување.
ВОДОЛИЈА – Ова е година полна со изненадувања за вас. Веќе сте финансиски обезбедени, а во ноември планетите работат за вас, па ќе имате можност да заработите на основа на дополнителна работа. Припадниците на вашиот знак ќе добијат понуда за подобро платена работа.
БИК – Личност со воден знак со која се дружите ќе ви понуди можност да заработите пари заедно врз основа на некој проект. Исто така, ова е можност да се добие „работа преку врски“.