fbpx

Го покани соседот на кафе: Ѝ направи нешто од кое не може да се опорави

Една жена го раскажа своето интересно доживување кое го имала кога заминала на гости кај нејзината мајка.

Како што самата вели, соседот кој штотуку го запознала ѝ оставил голем впечаток, а она што следувало подоцна одлучи јавно да го сподели.

„Двапати неделно одам кај мајка ми да ѝ помогнам околу домашните обврски. Еден ден излегов надвор да ѝ ги пружам алиштата и наеднаш пукна јажето. Многу се изнервирав и почнав да пцујам. Во истиот момент од соседната куќа излезе маж кој не го познавав. Низ насмевка ми рече дека не ми доликува такво однесување, ја прескокна оградата и почна да ја собира облеката од тревата.

Му понудив пиво во знак на благодарност. Почнавме муабет. Имаше 41 година, неодамна се доселил, беше оженен и татко на два сина. Да не стоиме на прагот, го поканив да влезе на кафе. Почнав да му раскажувам за својот живот и за тоа колку ми е понекогаш тешко да ѝ ги завршам сите обврски на мајка ми. Надвор беше многу топло, испивме по уште две пива и преминавме на некои поведри теми.

Кога снема пиво, отворив шише вино. Малку се занесовме и почнавме да флертуваме. Ме бакна. Почнав да се соблекувам. Од дневната се префрливме во гаражата. Мајка ми беше на катот, па не сакавме да не’ слушне. Беше фантастично.

Почнавме редовно да се гледаме. Ми призна дека почнува да се вљубува во мене. Тогаш помислив дека треба да се разделиме, но таа мисла ме држеше само еден ден. Не можев да му одолеам.

И тогаш, преку ноќ, наеднаш стана ладен. Бев скршена. Знам дека немам право на него, оженет е, но сакам да знам дали навистина сака нешто повеќе“.

Следни Објави

ОГРОМНА ТАГА! Се самоуби познатиот готвач, причината е шокантна

Светот во шок, тажната вест брзо се прошири Се самоуби наградуваниот готвач Расел Норман (57). Ѕвездата на шоуто Saturday Kitchen си го одзел животот во градината на својот дом по жестока расправија со својата девојка, пренесуваат странските медиуми. По конфликтот во кој влегле под дејство на алкохол, Норман се обесил. […]