fbpx

Се празнува Свети апостол Филип: Една работа денеска треба да ја направите

На денешен ден православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Празникот на Светиот апостол Филип е познат и по покладите пред Божиќниот пост, па понекогаш се нарекува и „Филипов пост“.

Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.

Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил слеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале бес кај неверниците кои ги распнале на крст. Тогаш страшен земјотрес ја отворил земјата и ги проголтала судијата и луѓето околу него. Исплашените луѓе се стрчале да ги спасат мачениците од крстот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го распнале на крст и за неверниците.

Господ ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата проголтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.

Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.

Верувања за овој ден..

Овој ден го следат обичаи чија цел е да заштита од зли духови.

Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото.

Различни обичаи се поврзани со овој ден, што зависи од крај до крај. Некаде после вечерата, сите синџири во куќата се врзани, лушпите од изедените јајца се фрлаат во оган, стапалата се мачкаат со лук, а децата ги облекуваат своите превртени пижами и маици пред спиење.

Постои верување дека навечер стапалата треба да се мачкаат со лук и да се изговорат следниве зборови: „Вештерка како конец, забите како кол“.

Според старото народно верување, на овој ден треба да подготвите богата вечера и да се радувате со семејството.

Следни Објави

Денес се Божиќни поклади: Овие обичаи треба да ги испочитува секој верник

Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади. Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост. Свети апостол Филип е роден во Витсаида во […]