fbpx

По многу победи во животот, последната ја загуби: Почина Предраг Димитровски

По кратко боледување, денеска почина македонскиот новинар Предраг Димитровски.

Со над три децении искуство, долги години работеше во дневниoт весник „Вечер“ како новинар уредник, а беше и главен уредник во весникот од 2005 до 2006 година.

Беше дел и од редакцијата на дневниот весник „Дневник“, пред да замине во Лустрациската комисија каде беше одговорен за односи со јавност.

Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. 

Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување која му беше доделена од страна на здружението МАН.

„Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење. Помладите колеги можеа да учат од него што значи да се биде новинар, колега, но пред сѐ човек. Смислата за хумор, шегите на своја сметка, расположението за дружење и добар муабет, посветеноста кон работата, но пред сѐ кон семејството беа само дел од епитетите кои го красеа како личност.

Неговата лавовска борба не го напушти до самиот крај. За жал, после многу победи во животот, последната ја загуби… Замина… Но останаа неговите колумни, неговите анализи, неговите авторски дела преки кои долго ќе се споменува неговото име“, пишуваат неговите колеги од „Пресинг ТВ“.

Следни Објави

Го фати мажот со љубовницата: Богами, ич не му прости (ВИДЕО)

Една постара снимка повторно стана актуелна на социјалните мрежи. Станува збор за жена која го фаќа неверниот сопруг во кафетерија со својата љубовница. Она што следува е општ хаос. Додека маж седи во кафетерија, наводно со љубовницата, наидува неговата жена која прави скандал. Почнува да го удира, љубовницата ја тегне […]