fbpx

Тага во домот на познатиот пејач: „Тато, замина на ден кога многумина се радуваат и слават“

Почетокот на новата година за многумина е радосен и еуфоричен, но не и за популарниот рапер Ем Си Стојан.

На денешен ден пред точно пет години почина таткото на раперот, Мирослав, за кого тој беше многу приврзан.

Како и секоја година така и на овој први јануари во домот на пејачот владее молк, пишува „Гранд Нова“.

Обземен од тага, раперот објави фотографија од татка си на социјалните мрежи и со своите емотивни зборови расплака многумина.

„Тато, многу ми недостигаш, прерано ме остави. На овој ден кога повеќето се радуваат и слават, те нема. Те сака твојот син, ти беше борец, ти беше мојот пример, мојот идол, моето сè“, напиша Ем Си Стојан.

На Мирослав во 2018 година му беше дијагностициран миелодиспластичен синдром (болест што настанува поради неправилна функција на коскената срцевина).

Иако храбро се бореше и добиваше трансфузија на крв, во 2019 година ја загуби битката.

Следни Објави

Прва снимка од нападот: Ѕвездата на „Беверли Хилс“ се степа среде улица

Актерот Јан Зиринг, најпознат по улогата на Стив во легендарната американска „Беверли Хилс 90210“, се степа со група моторџии во Холивуд, пренесува TMZ. Инцидентот се случил околу 15 часот на раскрсницата на булеварот Холивуд и авенијата Хајленд пред да биде повикана полицијата. Не е јасно што ја предизвикало пресметката меѓу […]