fbpx

ТРАГЕДИЈА! Почина познатиот пејач: Се онесвести среде настап, страшни вести доаѓаат од Хјустон

Легендарниот пејач и рапер од Хјустон, Биг Поки, почина вчера на 48-годишна возраст, откако колабира за време на настап во Тексас.

Неговото вистинско име е Милтон Пауел. Причината за смртта се’ уште не е објавена. Се чекаат резултатите од обдукцијата.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Милтон Биг Поки Пауел. Беше многу сакан од неговото семејство, пријателите и верните фанови. Ќе објавиме информации во наредните денови за тоа како ќе му оддадеме почит. Ве молиме да го испочитувате неговото семејство и нивната приватност во овие тешки моменти“, изјави портпаролот на раперот за „Фокс 26“.

Тажната вест ја објави раперот Бан Би од Хјустон.

„Скромен човек кој се однесуваше со чест и почит. Лесно се сакаше и тешко се мразеше. Ништо повеќе нема да биде исто и многу ќе ни недостасува. Те сакаме и те почитуваме. Почивај во рајот“, напиша тој на „Инстаграм“.

Следни Објави

Разделба, отказ од работа, но и голем напредок до крајот на јуни за овој знак

Овој знак го очекува значаен период погоден за развој и за усовршување на сите полиња Некои претставници ќе се соочат со минатото и со некои одамна започнати работи. Токму овој знак може да очекува животни промени кои во голема мера ќе му го одредат понатамошниот тек на неговото делување. Можни […]