fbpx

Безбедносни камери снимија силуета над крстот: Луѓето се уверени дека се „покажал“ Исус

Недалеку од хрватскиот град Лабин, кај местото Скитача, безбедносните камери снимија навистина интересна појава

Облаците над врвот Орлиќ, инаку познато место кое редовно го посетуваат верници, накратко формираа силуета која предизвика големо внимание во јавноста, откако неколкумина прокоментираа дека истата ги асоцира на ликот на Исус Христос.

Снимката лани стана вирална, а многумина се прашуваа за што се работи и дали за ова постои научно објаснување.

Набргу следуваше појаснување. Како што се наведува, комбинацијата на прекршување на сончевата светлина и капките дожд на камерата заедно со испарувањето на водата од бетонскиот крст ја создале оваа неверојатна сцена која траела цели 15 минути.

Како изгледа овој феномен, погледнете во продолжение!

Следни Објави

Приказната за првото бебе во Македонија во 2024 ќе ве расплаче: Алек, да си жив и здрав!

Малиот јунак Алек е првото бебе родено во новата 2024 година на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Момчето тешко три килограми и 760 грама, а долго 52 сантиметри е прва радост во семејството Стефковски. Мајката Наташа Стефковка (34) од Скопје е во добра состојба. Доктор Горан Димитров кој […]