fbpx

Беше главна во Југославија: По трагедијата падна во тешка депресија, едвај се спаси

Цела Југославија лудуваше по неа

Тајчи имаше само 21 година и на прв поглед се’ што една млада жена треба да има. Но, животот најчесто не е она што другите го гледаат.. Напротив!

„Со музика се занимавам од својата четврта година. Мојот успех не дојде преку ноќ. Се’ уште бев малолетна кога победив на загрепскиот фестивал со песната „Ноќ од кристали“. Бев насекаде присутна, девојка од насловната страна, што беше логично продолжение на мојот вложен труд.. Мојата цел беше да создавам нешто убаво, на луѓето да им го разубавувам денот“, изјави таа во една прилика.

Признава дека во тој период не била подготвена на толкава популарност. Вели дека во тие моменти немала ментална поддршка, едноставно немала никој што ќе ја насочи како да се носи со секојдневните предизвици и со гладните медиуми.

Тајчи денес

„Пред таа голема слава имаше доста тешки работи низ кои морав да поминам. Да, имав 17 години кога ме силуваа. Ова никому досега го немав кажано. Во тоа време беше табу да се зборува за булимија, за анксиозност и депресија. Едноставно луѓето ќе ви кажеа да молчете, да не бидете неблагодарни.. Беа тоа тешки денови исполнети со суицидни мисли. Иселувањето беше неопходно“, проговори Тајчи неодамна.

Тајчи со сопругот и трите сина

По пет години живот во Њујорк, таа се сели во Лос Анџелес поради работни ангажмани. Таму го запознава сега веќе покојниот сопруг Метју, филмски продуцент со кој живееше 17 години и со кој има три сина.

Следни Објави

Не е само за уживање: Ова е вистината за клиторисот

Клиторисот е најчувствителната ерогена зона на жената и основен анатомски извор на женското сексуално задоволство. Сепак, неколку студии направени годинава покажаа дека истиот игра важна улога и во репродукцијата, активирајќи низа мозочни функции кај жената коишто прават оптимални услови за зачнување. Така, може да го подобрат вагиналниот проток на крв […]