fbpx

„Умира пред нашите очи“: Ракот ѝ се прошири, Шенон Доерти сподели видео од болницата

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, сподели видео од болницата пред операцијата за отстранување на тумор од мозокот.

Легендарната Бренда која со години се бори со рак на дојка неодамна дозна дека ѝ се проширил на мозокот. Со своите следбеници редовно споделува моменти од храбрата битка, па така беше и овојпат.

„Имав тумор во главата што сакаа да го отстранат и да направат биопсија. Очигледно се трудам да бидам храбра, но скаменета сум од страв. Исплашена од можни лоши исходи, загрижена дека ќе ја напуштам мајка ми и како тоа ќе влијае на неа. Бев загрижена дека ќе излезам од операционата сала и повеќе нема да бидам јас. Еве како може да изгледа ракот“, напиша Шенон покрај видеото од болницата.

„Умира пред нашите очи. Ова е претажно“, напиша еден фан на актерката.

И покрај сите премрежја, славната Бренда продолжи да се бори како лавица која се однесува како ништо да не се случува. Минатата година таа се појави во емисијата „Добро утро Америка“ каде со својот оптимистички став изненади многумина.

„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива”, изјави Шенон во таа прилика.

Актерката е класичен пример дека не треба никогаш да се откажувате, дури и кога ви е најтешко во животот.

Следни Објави

Познатиот пејач тргна со синот в гроб: Потресна сцена, цела естрада дојде да се збогува со Армин

Синот на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) денеска беше погребан на Градските гробишта Баре во Сараево. Бројни познати личности се појавија на погребот да го утешат семејството во овие исклучително тешки мигови за нив. Харис Џиновиќ, Бобан Рајовиќ, Младен Војиќиќ-Тифа, Шериф Коњевиќ, Дино Мухаремовиќ и Драган […]