По една недела од трагедијата, познатиот музичар конечно се огласи во јавноста
Поминаа седум дена откако рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, имаше сообраќајна несреќа во Македонија.
Популарниот музичар налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Кумановката (49) го загуби животот, додека три други лица се здобија со повреди.
Тој вечерва првпат ѝ се обрати на јавноста, пред се’ им се обрати на медиумите кои, како што вели, животот му го прават пекол.
„Јас ги замолувам медиумите во Македонија и Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината. Јас не сум добил документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во кумановското обвинителство. Секој наслов кој ќе го објавите овде ми прави проблем и создава омраза на луѓето од обвинителството спрема мене, бидејќи мислат дека тие информации јас ви ги давам. Ми правите пекол од животот. Немојте да бидете итри, земете лексилиум, напијте се пиво, заспијте. Кога ќе ги земам документите, кога ќе прејдам граница, прв ќе јавам за тоа“, вели Ѓорѓе Давид во своето видео обраќање.
Според последните информации, се’ уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.