fbpx

Ѓорѓе Давид конечно пуштен: Еве што треба да направи сега, спорна е една работа

Поминаа седум дена откако рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, имаше сообраќајна несреќа во Македонија.

Популарниот музичар налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Кумановката (49) го загуби животот, додека три други лица се здобија со повреди.

Ѓорѓе Давид конечно замина за Белград каде најави и прес-конференција, откако судот во Куманово му го вратил пасошот.

Судијата не побарал мислење од обвинителот за замена на мерките, туку само донел одлука. Давид сега треба само еднаш месечно да се јавува во кумановскиот суд.

„Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Се’ уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

Следни Објави

Неочекуван потег! Сите се во шок, ОВА е последното нешто што го кажал Коста

Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет другари и училишниот чувар Драган Влаховиќ, во повеќе наврати покажа дека нема чувства и милост, а она што последно им го кажал на надлежните ги шокирало сите. Наводно, Кецмановиќ точно им објаснил што му […]