fbpx

Почивај во мир, Славе! Македонија тагува, почина познатиот бизнисмен

Почина Славе Сирачевски, сопственикот на туристичката агенција „Аурора Турс“.

Познатиот македонски бизнисмен беше прв човек и на ресортот Аурора Берово, како и на новоизградениот угостителски објект на езерото Козјак. 

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели поранешниот директор на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам. Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!

Во мое лично име изразувам сочуство на семејството! Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор. Почивај во мир, Славе“, напиша Јаневски.

Следни Објави

Генијален визионер, посветен татко, сопруг и дедо: Кој беше Славчо Сирачевски?

Тажна вест Со длабока тага Ве информираме дека по кратко боледување, на 25.02.2024 почина Славчо Сирачевски, нашиот сакан и почитуван директор, основач на брендот Аурора, драг и срдечен пријател на многумина, а пред се’ посветен татко, сопруг и особено горд дедо. Неговата челична посветеност и страст во работењето, неуморниот дух […]