fbpx

Се крепи колку што може: Гоце Тодоровски со семејството (ФОТО)

Семејни фотографии со повод

Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски неодамна беше одликуван со Орден за заслуги од претседателот Стево Пендаровски.

„Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција“, напиша Пендаровски во образложението за добитниците. 

Тодоровски, за кој јавноста токму по врачувањето на оваа награда дозна дека има здравствени проблеми, сега сѐ повеќе време поминува со семејството.

Фамилијата Тодоровски го прослави роденденот на ќерката Сашенка, а семејни фотографии објави администраторот на фејсбук-страницата посветена на ликот и делото на Ѓорѓи Колозов.

Нивната објава ви ја пренесуваме во целост.

Скромна семејна идила на фамилијата Тодоровски. На чело со нашата легенда Гоце, потоа славеничката Сашенка, тука се сопругата на Гоце, зетот од ќерка, синот Гоце (крстен по тато) и неговата ќерка Марија и нејзиното момче!

Сашенка ми пренесува, татко ми испраќа поздрав до сите негови обожаватели, се крепи колку што може и се’ уште е желен за работа, се’ уште размислува да снима, жарот не згаснува!

Фала ти Сашенка што ме удостои со овие фотографии и среќен роденден!

Админ, Горан

Следни Објави

Не сакам да набројувам што сè ми дал.. Оваа позната фамилија му помогнала на Коки

Македонскиот музичар Никола Јанков, поранешен член на дуото „Дуле и Коки“, со една објава на својот фејсбук-профил ги разнежни своите следбеници. Познатиот виолинист и автор одлучи да раскаже кој човек многу му помогнал во животот, а за скромноста и за искреноста доби стотици лајкови. Во продолжение ви ја пренесуваме неговата […]