fbpx

Без неа естрадата веќе не е иста: Си го погреба целото семејство, пејачите го тешат

На денешен ден пред две години почина легендарната текстописка Марина Туцаковиќ. Имаше 67 години.

Нејзиниот сопруг, познатиот композитор Александар Фута Радуловиќ, го посети нејзиниот гроб.

За овој човек нема утеха. Си го погреба целото семејство. Во 2008 година го погреба синот Милош, а на крајот од минатата година засекогаш се прости и од другиот син Милан Радуловиќ кој под мистериозни околности почина на 36 години во Тел Авив. 

Фута денеска немо седеше во близина на семејната гробница. На моменти губеше свест, пријателите го тешеа, пишуваат српските медиуми.

Времето минува, но болката и тагата никогаш. Сите кои ја познаваа Марина сè уште не можат да се соземат од нејзиното заминување, а меѓу првите денеска проговори Жељко Самарџиќ.

„Недостигаш“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил. Оваа објава ја коментираа многу негови колеги.

Следни Објави

Конечно собра сила и се огласи: Цеца скршена од тага

Пред точно две години почина Марина Туцаковиќ, легендарна српска и југословенска кантавторка. Оваа жена соработуваше речиси со цела регионална естрада, а едни од најдобрите стихови дефинитивно ги напиша за Светлана Цеца Ражнатовиќ. Скршена по повод годишнината од смртта, пејачката со емотивни видеа и фотографии се потсети на Туцаковиќ. „Ми недостигаш, […]