Ах, љубов
Популарната радио и ТВ-водителка Елена Стојановска ретко објавува фотографии од сопругот на социјалните мрежи, но кога ќе одлучи барем на момент да го отвори семејниот албум, тоа секогаш предизвикува бурни реакции.
Заштитното лице на утринската програма „Ја сакам Македонија“ која се емитува на телевизија Сител во една прилика сподели слика со саканиот и тој нејзин пост стана вирален.
„Ах, она кога маж ти е убав како турски глумец“, напиша Елена.
Огнен работи како видеоаниматор, а плод на нивната љубов е ќерката Илина.
Фото: Инстаграм