Многу луѓе имаат потреба да ги раскажуваат своите трауматски искуства на социјалните мрежи и да се исповедаат на непознати, а тоа го направи и Отон Енкерич, 21-годишна девојка од Оклахома која води свој дигитален дневник на популарната платформа „Тик Ток“.
За жал, нејзе ѝ се случило сериозно семејно разочарување од татка си кој имал врска со нејзината најдобра другарка.
„Замислете кој стрес е тоа. Во камионот на татко ми најдов употребен кондом, а на патувањето бевме само јас, тој и мојата најверна пријателка“, раскажува оваа млада дама.
Откако го пронашла инкриминирачкиот предмет, почнала драмата. На почетокот другарка ѝ одбивала да ја признае аферата инсистирајќи на тоа дека со постариот господин само се дружат, но на крај попуштила и ја открила страшната вистина.
Очекувано, тука завршило нивното другарство, но траумата да биде уште поголема, нејзината пријателка подоцна се пофалила со тој се*с на социјалните мрежи.
„Порано бев „татино девојче“, но престанавме да комуницираме, бидејќи сфатив дека не е нормален“, завршува Енкерич.