fbpx

Порасна Македонка: Ќерката на Зуица и Наум е убавица

Една од најпознатите македонски музички двојки, Зуица Лазова и Наум Петрески, живеат заедно повеќе од деценија и пол, но малкумина знаеја дека се’ до пред две години тие немаа склопено граѓански брак.

Популарните пејачи во таа прилика конечно се заколнаа пред Бога, а плод на нивната љубов се синот Стефан и ќерката Македонка.

Зуица сега се пофали на социјалните мрежи дека Македонка е апсолвент на Факултетот за музичка уметност.

„Мојата прва вистинска среќа“, напиша таа на „Фејсбук“.

Таа редовно ги објавува своите деца, но само кога има повод. Така беше и минатата година кога синот прослави матура.

„Мајкин! Светла иднина да имаш“, напиша тогаш Зуица кога објави фотографија со Стефан.

Следни Објави

Веќе не личи на себе: Објавена нова слика од Кејт Мидлтон

Луѓето ширум светот се шокирани од новиот портрет на принцезата од Велс Откако проговори во јавноста и објави дека боледува од рак, речиси и да нема вести за Кејт Мидлтон. Само повремено се појавуваат некои претпоставки. Принцезата од Велс целосно се повлече од очите на јавноста и нема официјални информации […]